Спортскиот директор на Интер, Бепе Марота веќе пронајде замена за Лаутаро Мартинез, пренесува „Кориере дело Спорт“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Доколку Аргентинецот се одлучи ова лето да го напушти Интер, „нероаѕурите“ веќе имаат спремна замена, а станува збор за Кеита Балде од Монако.
Кеита помина една сезона во Интер и добро го познава амбиентот, а новиот тренер Симоне Инзаги го сака во својот тим. На радарот е исто така и италијанскиот репрезентативец Распадори.
Што се однесува до Лаутаро тој се уште нема потпишано нов договор и доколку пристигне богата понуда Интер нема да може да ја одбие поради финансиските проблеми кои ги има.
26-годишниот Кеита Балде е многу поефтина опција, а за потсетување тој фудбалската афирамција ја доби во Лацио под палката на Симоне Инзаги.