Маурисио Сари го предводеше Челси до насловот во Лига Европа.
Сините во Баку го совладаа градскиот ривал Арсенал со убедливи 4:1 и така стигнаа до трофејот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ова е прва значајна титула во тренерската кариера на Маурисио Сари. Италијанецот беше често изложен на критики и константно се споменува негово можно заминување од клубот, но после оваа титула раководството на клубот ќе размисли уште еднаш.
После натпреварот Сари како да беше импресиониран од медалот кој го доби. Тоа го покажува неговото однесување после доделувањето, бидејќи додека екипата славеше тој детално го анализираше медалот.
Очигледно беше задоволството на неговото лице, а откако направи кратка анализа на медалот, се придружи на екипата во славјето.