Роналдињо во последно време беше на насловните страни на медиумите поради проблемите со законот во Парагвај. Бразилскиот ас мина еден месец во затвор, а сега се брани од домашен притвор, семестен во хотел во Парагвај.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Британски „Сан“ сега направи интересен тим од играчи кои му биле најверни на Роналдињо, односно оние кои поминале најмногу време играјќи со него.
Тимот во формација 4-3-3 изгледа вака:
Виктор Валдес
Џанлука Ѕамброта, Карлес Пујол, Рафаел Маркез, Џовани Ван Бронхорст
Деко, Андрес Иниеста и Чави Ернандез
Самуел Ето, Лудовик Жили и Лионел Меси
