Многу прашина се крена откако Аргентинскиот фудбалски сојуз одлучи да го откаже пријателскиот натпревар против Израел кој во саботата требаше да се одигра во Еурсалим.
Притисокот на Палестинците и светската јавност беше голем и Аргентинците одлучија да одбијат да патуваат во Израел.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во Израел очекувано беа бесни, ТВ куќата која имаше право за пренос на натпреварот го тужеше Аргентинскиот фудбалски сојуз во ФИФА, па дури бараа „Гаучосите“ да бидат исфрлени од Мундијалот што секако не е реално.
Бројни светски портали по откажувањето на натпреварот ја пренесоа изјавата на Лео Меси која наводно ја дал „ТYC Sport“. Во таа изјава најдобриот светски фудбалер наводно како амбасадор на УЕФА порачал дека не сака да игра против луѓе кои убиваат невини палестински деца.
Таа негова изјава ги преплави друштвените мрежи, но вистината е дека Аргентинецот никогаш не кажал такво нешто.
„Меси не разговарал со медиумите, а ни со никој од „TYC Sport“. Поточно, Меси не зборувал со ниту еден новина во текот на припремите“, потврди Мартин Аревало, репотер од „TYC Sport“
"What you are writing is false. Messi has not spoken to the media and not with T"What you are writing is false. Messi has not spoken to the media and not with TyC Sports on this subject. Be accurate. During his preparations for the World Cup, '' TyC Sports reporter Martin Arevalo
— Makokha Meja Wanja (@makokhaMyk) June 8, 2018