Дома Трансфер зона Инсиње одбива нов договор, може да го напушти Наполи

Инсиње одбива нов договор, може да го напушти Наполи

Ѕвездата на Наполи, Лоренцо Инсиње би можел да ја промени средината ова лето.

Инсиње одигра одлична сезона и игра добро на Европското првенство, но преговорите за продолжување на соработката со Наполи не одат во добра насока.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Крилниот напаѓач влезе во последната година од договорот, па Наполи јасно му порача дека ако не стави потпис на нов договор ќе биде продаден ова лето.

Барселона и Тотенхем внимателно ја следат ситуацијата со Инсиње и сакаат да го донесат во своите редови.

Англискиот клуб веќе презеде конкретни чекори и е спремен да ги задоволи финансиските барања на Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…