Извршниот одбор на Светската фудбалска федерација во овој момент сериозно размислува да воведе големи иновации на Светското првенство во Русија идното лето.
Освен видеотехнологијата, сериозно се разгледува и предлогот да се воведе и четврта играчка замена. Додека за ВАР на големо се дискутираше, евентуалното правило на ФИФА за четврта измена привлекува се поголемо внимание.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, иницијативата е за во завршницата на Мундијалот на репрезентациите освен досегашните три да им се овозможи и четврта размена.
Според извори блиски на Светската фудбалска федерација, извесно е дека оваа идеја ќе се реализира. Сепак, се уште не е познато дали дополнителната замена би била само за евентуалните продолженија или пак би се користела и во регуларниот дел.