Само неколку недели откако ја заврши играчката кариера Андрес Инеиеста започна да се подготвува за нова.
Шпанецот се запиша на тренерски курс во Фудбалскиот сојуз на ОАЕ, по што ќе добие лиценца за работа и можност да стане тренер во стручниот штаб или и тренер на прв тим.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За време на неговата богата играчка кариера 16 години играше за првиот тим на Барселона, по што замина во Јапонија каде пет години играше за Висел Кобе, се до минатата година кога пристигна во клубот наречен Емирати во ОАЕ.
За шпанската репрезентација одигра 131 натпревар и постигна 13 голови, а особено ќе се памети оној во финалето на Мундијалот во 2010 година, кој на „Фурија“ и ја донесе титулата светски првак.