Слично како и во „Ел Класико“ каде што Анчелоти е незадоволен по поразот од Барселона и смета дека неговиот тим е оштетен (ТУКА), Симоне Инзаги смета дека Интер неправедно загубил од Јувентус.
Српскиот фудбалер, Филип Костиќ го постигна единствениот гол на дербито на „Џузепе Меаца“. Сепак, според Инзаги тој гол морало да биде поништен поради игра со рака на Рабио.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Срамота е да се изгуби дерби на ваков начин. По натпреварот против Монца во јануари кажавме дека нема да коментираме вакви ситуации, но сега повторно се случи нешто многу сериозно. Неприфатливо е да изгубите натпревар на ваков начин во време на ВАР технологија. 20 пати ја гледавме снимката и исто толку пати видов дека Рабио играше со рака“, изјави Инзаги.
Масимилијано Алегри имаше краток одговор на ваквите зборови на Инзаги.
“Да зборуваме за фудбал, не за судии.Во тој поглед ние сме џентлмени”, порача италијанскиот стратег.