Дома Топ вести По „Ел Класико“: Анчелоти смета дека Реал е ограбен, Чави е шокиран!

По „Ел Класико“: Анчелоти смета дека Реал е ограбен, Чави е шокиран!

Барселона вчера го победи Реал Мадрид и направи голем чекор кон титулата во Ла Лига бидејќи сега Каталонците имаат цели 12 бодови предност кои за „кралевите“ ќе бидат тешко достижни.

Реал Мадрид при резултат 1:1 постигна гол преку Марко Асенсио, но тој гол беше поништен поради офсајд по реакција на ВАР. Италијанскиот стратег истакна дека се сомнева во исправноста на таа одлука.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Одигравме добро од првата до последната минута и заслуживме да победиме. Не победивме поради тоа што беше досуден офсајд за кој се сомневаме. Одиме во Мадрид сомневајќи се во испаравноста. Кога се играше Светското првенство, беше многу појасно дали е офсајд или не е, тука не е така. Сметам дека сме „украдени““, изјави Анчелоти.

Новинарите ја пренесоа оваа изјава и до Чави кој беше изненаден од она што го кажал неговиот колега на спротивната страна.

„Офсајдот јасно се гледа преку компјутерската наука. Шокиран сум од изјавата на Анчелоти. Или е офсајд, или не е, нема простор за дебати. ВАР е тука да спречува неправди“, изјави Чави.

И покрај предноста од 12 бода, Чави истакна дека неговите фудбалери не смеат да се опуштат затоа што ништо не е завршено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…