Жереми Тото е еден од ракометарите кои го засилија Вардар летово, тој дојде од полски Висла Плоцк и импресиониран од клубот и градот.
Денес кога Вардар ги започнува подготовките тој призна дека му е неверојатно тоа што Вардар двапати го гледал во Келн во 2017 и 2019 година кога македонскиот тим стана европски шампион, а сега е дел од него.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Двете европски титули на Вардар ги гледав во Келн затоа малку ми е неверојатно што сум тука денес. Досега играв во еден помал град, да не кажам село, па различно ми е во Скопј, импресиониран сум“, изјави Тото.
Кога е притисокот во прашање истакна дека сака само да биде најдобрата верзија од себе.