Дома Фудбал Италија Имобиле: Критикувајте ме мене, оставете го моето семејство!

Имобиле: Критикувајте ме мене, оставете го моето семејство!

Имобиле се налути: Навредувајте ме мене, а не моето семејство!

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


По рестартот на сезоната во Серија А се очекуваше голема борба помеѓу Лацио и Јувентус за Скудетото, но клубот од Рим не се одржа на нивото на кое беше пред прекинот.

Лацио после продолжувањето на првенството е непрепознатлив, а после три врзани порази клубот од Рим практично и да испадна од трката за титулата бидејќи е на -8 од Јувентус.

Во сивилото на Лацио се вклопи и Чиро Имобиле кој во последните два натпревари на Лацио не успеа да постигне гол.

После вчерашниот пораз од Сасуоло Имобиле се огласи на Инстаграм и откри дека неговото семејство добивало навреди поради неговата игра.

„Некои навивачи имаа кратко помнење, па ве молам да го оставите моето семејство на мир…Ако сакате да ме навредувате, навредувајте ме мене, моето семејство нема ништо со тоа“, напиша Имобиле.

Иако Имобиле е прв стрелец во Серија А во овој период тој е во мала криза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо одговори на провокациите од навивачите на Ал-Ахли (Видео)

Кристијано Роналдо повторно беше во центарот на вниманието, не само поради своите фудбалск…