Дома Фудбал Италија Имобиле во еден ден направил два теста и двата дале различен резултат

Имобиле во еден ден направил два теста и двата дале различен резултат

Чиро Имобиле ќе мора да причека до враќањето на терен.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Напаѓачот на Лацио се уште чека на враќањето на терен, после позитивниот тест на Ковид-19.

Вчера Имобиле направи два теста, а интересно дека двата дале различен резултат.

Имено, како што пишуваат медиумите во Италија, тестот во приватна лабараторија на Имобиле бил негативен, а вториот во државна лабораторија бил покажал дека е позитивен.

Ѕвездата на Лацио така ќе мора да остане во карантин и наредниот период и прашање е дали ќе игра во сабота против Кротоне.

Имобиле оваа сезона е на учинок од четири гола на шест одиграни натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо одговори на провокациите од навивачите на Ал-Ахли (Видео)

Кристијано Роналдо повторно беше во центарот на вниманието, не само поради своите фудбалск…