Дома Фудбал Останато Има ли уште една БОМБА на повидок: Реал го менува Роналдо со Нејмар

Има ли уште една БОМБА на повидок: Реал го менува Роналдо со Нејмар

На Кристијано Роналдо важечкиот договор со Реал Мадрид му трае до 2021. година и раководството на мадридскиот клуб не сака да се доведе во ситуација по неговото заминување, да нема вистинска ѕвезда во тимот.

Затоа Флорентино Перез, пишува Мундо Депортиво, веќе стапил во преговори со таткото на Нејмар околу Бразилецот. Нејмар ова лето пристигна во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра и нема така лесно да замине од клубот во кој одлично се снајде и постигна 11 погодоци во 12 натпревари.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Реал го посакуваше Нејмар уште во 2013. година кога од Сантос пристигна во Европа, но сепак тој ја одбра Барселона. Тешко е да се поверува дека наскоро би го напуштил „Паркот на принцовите“, но се појави приказна дека размислува за заминување од ПСЖ доколку оваа сезона не освои ниту еден трофеј. Тоа сепак тешко ќе се случи, бидејќи се големи фаворити во домашното првенство ви кое оваа година немаат конкуренција, а добро се снаоѓаат и во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Недела за Семењо: Се е подготвено за „бомба“ на Островот!

Антоан Семењо посакува да го финализира својот трансфер уште на почетокот на јануари. Англ…