Легендарниот голман Икер Касиљас повторно има проблеми со срцето.
Шпанските медиуми тврдат дека Икер минатата среда (28. април) бил примен во болница во Мадрид поради силни болки во градите, а оваа информација ги загрижи сите негови фанови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Хола“ магазинот пишува дека Икер спортувал со пријателите кога забележал дека срцето забрзано му чука па итно се упатил во болница.
После бројните тестови отфрлена била можноста дека Икер претрпел нов срцев удар. Нмеало потреба за негово задржување и бил пуштен дома.
Легендарниот голман јавно не се огласил за оваа ситуација. Продолжил со нормалниот живот и секојдневните активности. Меѓутоа сигурно е дека до крајот на животот Икер ќе мора да сериозно да внимава.
Ќе потсетиме, Икер на 1. мај 2019 година доживеа срцев удар на тренингот со екипата на Порто и тогаш му беше направена операција. Во истиот момент неговата кариера беше завршена и не се врати повеќе на терените.