Поранешниот голман на Реал Мадрид, Икер Касиљас неодамна се раздели со Сара Карбонеро.
Во средата Икер отпатувал во Португалија каде се сретнал со своите поранешни соиграчи од Порто, но и со докторите кои му помогнаа откако пред нешто помалку од две години доживеа инфракт.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покрај тоа, на Икер сигурно му тешко паднало и тоа што после 11 години се раздели со Сара.
„Почитувањето и пријателството помеѓу нас засекогаш ќе остане. Нашиот приоритет е да ги заштитиме децата за да пораснат во стабилна и здрава средина.“ – порачаа Икер и Сара.
Тој остана џентламен и господин, па и покрај тоа остави комплименти за Сара на една нејзина фотографија.
Икер и напиша „Убава“, а социјалните мрежи веднаш реагираа и заклучија дека поранешниот репрезентативец на Шпанија дефинитивно знае дека почитта е нешто што не може да исчезне преку ноќ, како и убавината на Сара.