Дома Топ вести Икер Касиљас доживеа срцев удар и заврши во болница

Икер Касиљас доживеа срцев удар и заврши во болница

Шпанска Марка објави дека легендарниот голман Икер Касиљас завршил во болница поради срцев удар.

Најпрвин Марка, а потоа и останатите медиуми објавија дека Касиљас утрово бил примен во приватна болница во Порто во ургентен центар, а докторите после прегледите утврдиле дека добил срцев удар.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Моментално Икер се наоѓа во стабилна состојба. Најважно е дека не се наоѓа во животна опасност, но сигурно дека до крајот на сезона нема да го гледаме на голот на Порто.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Икер поради ова би можел да ја заврши кариерата бидејќи телото на голманот повеќе не може да издржи толку голем напор.

Овој 37 годишен голман кариерата ја започна во Реал Мадрид за кој бранеше 16 години, а потоа во летото 2015 година премина во редовите на Порто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Мбапе повеќе нема да биде капитен на Франција? Л’eкип: Ситуацијата е сложена

КИЛИЈАН МБАПЕ (25) не беше дел од француската репрезентација за натпреварите со Израел и Б…