Аргентинецот, Мауро Икарди би можел да го напутши Интер.
Како што се наведува во англиските медиуми, лондонски Челзи за овој напаѓач е подготвен да издвои дури 100 милиони фунти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Плавите“ не се задоволни со напаѓачкиот учинок оваа сезона. Иако Алваро Мората го донесоа за 70 милиони фунти, видливо е дека шпанскиот напаѓач нема доволно поддршка и конкуренција, а раководството на клубот од „Стемфорд Бриџ“ ќе се обиде да го реши напаѓачкиот проблем веќе во јануари и ќе им понуди на Интер 100 милиони фунти за Икарди.
Како што се наведува, Аргентинецот е подготвен да ја напушти Италија. Понудата од Челзи е една од оние кои тешко се одбиваат и не би било никакво чудо ако Икарди заврши во Премиер лигата.
Икарди е член на „Нероаѕурите“ од 2013. година. Дојде од Сампдорија, а од сезона во сезона е се подобар.
Изминатата сезона беше еден од најдобрите напаѓачи во Европа, а и оваа сезона блеска во досегашниот дел од сезоната, постигна 11 погодоци во 12 настапи.
Интерес за него покрај Челзи, има и минхенски Баерн.