Аргентинскиот напаѓач на ПСЖ, Мауро Икарди повторно е во центарот на вниманието.




Новиот тренер на ПСЖ, Галтие јасно му порача на Икарди дека не влегува во неговите планови и слободно може да си бара нов клуб.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Според француските медиуми најверојатни дестинации за Икарди се Манчестер Јунајтед и Галатасарај.




Сопругата на Икарди, која е негов менаџер, започнала преговори со двата клуба, а најблиску до неговиот потпис е Манчестер Јунајтед.




„Црвените ѓаволи“ бараат засилување во нападот, а Икарди можат да го донесат на позајмица со право на откуп.




Проблем може да биде платата на напаѓачот бидејќи Икарди заработува 11 милиони евра по сезона, а има договор со ПСЖ до 2024 година.