Дома Фудбал Италија Икарди го прекина молкот со жестока и емотивна порака!

Икарди го прекина молкот со жестока и емотивна порака!

Мауро Икарди после повеќе од две недели откако му беше одземена капитенската лента во Интер, денес го прекина молкот.

Бившиот капитен на Интер на Инстаграм ја својата верзија и својата позиција во целата ситуација.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Притоа, испрати јасна и емотивна порака со која уште еднаш ја покажа својата љубон кон Интер.

„Во најтешките моменти се покажува вистинската љубов.
Во тие моменти јас решив да останам во Интер и со Интер.
Кога почувствував дека со моите голови можам да му помогнам на Интер да биде посилен.
Посилен од проблемите со финансиската фер-плеј. Посилен од нашите тешкотии кога имаше многумина кои го напаѓаа тимот.
Во Интер и со Интер.
И покрај се, секогаш избирав да останам. Од љубов кон овие бои одбив понуди што тешко може да ги одбие некој професионалниот фудбалер, особено во такви услови.
Играв со физички проблеми што ме тераа да плачам после натпревар и во деновите после тоа.
Но секогаш чувствував дека морам да излезам на терен, дури и против тимови од средно ниво.
Бидејќи, на теренот, можев да ја заборавам секоја болка, со единствена цел да дадам сè од себе за да им помогнам на овие бои.
Во Интер и со Интер.
Поради љубовта кон овие бои.
Бидејќи постои само Интер.
Им покажав на моите деца дека мора да ги задржат своите надежи.
Ги научив дека е тешко да се победи, но да го направиш тоа со Интер има поголемо значење. Само еден вистински интерист може да го разбере и да го почувствува тоа.
Очите на моите деца не лажат.
Ја донесов во мојот дом таа љубов кон Интер.
Го остварив мојот сон, го остварив сонот за сите нас,интеристите, враќајќи го тимот во Лигата на шампионите, со тимот на кој бев капитен.
Отсекогаш сум чувствувал и покажал љубов кон овие бои.
Никогаш не ги разбрав оние кои при првата можност се обидува да го напуштат клубот.
Ги почитував навивачите, соиграчите, клубот и сите тренери што минаа додека бев во тимот.
Работев со клубот како на теренот, така и надвор од него, и во прилагодувањето на секој нов фудбалер, покажувајќи му дека можеме да ги постигнеме нашите цели само со страст.
Знам што е љубов за Интер и интеристите го знаат тоа, бидејќи виделе како сум страдал и како плачев, борејќи за тие бои.
Во Интер и со Интер.
Но, како што реков, сите жртви се направени од љубов кон овие бои и почит кон сите.
Не знам дали во моментов има љубов и почит од Интер кон мене, од страна на некои кои веќе го направија својот избор.
Не знам дали постои желба од страна на некои да се поправат работите само за љубовта кон Интер.
Многу работи можат да се случат во едно семејството, убави и лоши.
Но со љубов може да се надмине сè.
Но, никогаш не смее да има недостаток на почит.
Ова се мои вредности, тоа се вредности за кои отсекогаш се борев.
Ова е мојата приказна. Во Интер и со Интер“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Перез: Родри ја заслужи „Златната топка“, но не оваа година

Иако Реал Мадрид беше убеден дека Винисиус ќе ја добие „Златната топка“, таа заврши во рац…