Француската ѕвезда Антоан Гризман предизвика внимание од јавноста со изјавата дека Лигата на шампионите е преценето натпреварување и полно со корупција.
Гризман беше прашан кој повеќе ја заслужува топката, Меси или Халанд за триплеатата со Сити во сезоната во која постигна 52 гола на 53 натпревари. Тука Гризман даде неочекуван одговор.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Освојувањето на Лигата на шампионите е преценето, па и еден Селтик има европски пехар, а освен тоа натпреварувањето е полно со корупција. Атлетико во две финалиња беше ограбен и сите го премолчеа тоа. Цела обложувачка мафија е вклучена. Светското првенство е нешто поинакво, се игра на секои четири години, има квалификации кои се играат три години и не може да се споредува со Лигата на шампионите.
Ако ме прашувате конкретно за Меси тој е голем напаѓач и најдобар фудбалер, за мене е најдобар во светот, а Де Брујн и Родриг најдобри во ЛШ“, смета францускиот напаѓач.