Златан Ибрахимовиќ игра фантастично и го предводи Милан кој во овој момент лидер на табелата во Серија А по пет одиграни кола.
Ибрахимовиќ е прв стрелец со шест гола, иако два натпревари пропушти поради коронавирусот. Во секој од преостантите три беше двоен стрелец, во победите против Болоња и Интер и вчера во ремито против Рома. Во последните 10 години, ниту еден друг играч на 39 години не одиграл повеќе од еден натпревар на кој бил стрелец на два гола, Ибра веќе има три во исто толку настапи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Да, рано е само петто коло е меѓутоа сега е време да се потсети на неговата изјава од финишот на минатата сезона. Милан на 7. јули го победи Јувентус со 4:2, а после натпреварот Ибра изјави.
“Јас сум стар, тоа не е тајна! Но, возраста е само број. Работам добро, добивам време за играње. Се чувствувам добро и да бидам искрен се трудам да му помогнам на тимот. Да бев тука од првиот ден во сезоната, ќе го освоивме Скудето“, изјави тогаш Ибрахимовиќ.
Таа негова изјава тогаш можеби изгледаше смешно, но денес гледаме дека можеби имал право.