Легендарниот италијански голман беше исклучен во судиското продолжение во натпреварот од ¼ финалето во Лигата на шампионите, откако Лукас Васкез изнуди пенал за Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.
По досудениот пенал Буфон беснееше на судијата Мајкл Оливер кој му покажа црвен картон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кога ситуацијата се смири, Роналдо го изведе пеналот и го совлада Војчех Шчесни, па Реал обезбеди пласман во полуфиналето.
Сега, интересна е една изјава од поодамна на Буфон во која најавува на каков начин би можел да ја заврши интернационалната кариера. Неговата споредба се претвори во нешто повеќе, коментарот на Буфон од минатата година стана пророштво…
„На кој начин ќе ја завршите кариерата?“, гласеше прашњето од новинарот на „Скај“.
„Како го замислувам својот последен натпревар? Можеби ќе излезам како Зидан, ако удрам некој на теренот. Но пред да размислувам како ќе ја завршам кариерата во 2018 година мораме да се пласираме на Мундијалот во Русија. Можеби таму ќе го одиграм мојот последен натпревар“, беше изјавата на Буфон.
Буфон на негова жалост и цела Италија не предвиде дека нема да се пласираат на Светското првенство, но заслужува пофалби за „предвидувањето“ дека ќе ја заврши кариерата како Зидан – со црвен картон.
Иначе, Буфон кој е еден од најголемите голмани во историјата на фудбалот одигра 870 натпревари и на 393 од нив не прими погодок.