Дома Фудбал Англија Изнендување: Мурињо го врати Швајни во првиот тим!

Изнендување: Мурињо го врати Швајни во првиот тим!

Жозе Мурињо направи голем порег и го врати Швајнштајгер меѓу првотимците, па поранешниот германски репрезентативец за прв пат оваа сезонава тренираше со првиот тим на Манчестер Јунајтед.

Бастијан Швајнштајгер е еден од најплатените фудбалери на Манчестер Јунајтед, но од почетокот на сезоната тој тренираше со резервите, откако не ја прифати сугестијата на Жозе Мурињо да си замине од клубот.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Сепак, Германецот, денес прв пат сезонава работеше со првиот тим и веројатно ќе конкурира за место во тимот на следниот премиерлигашки натпревар на Јунајтед.

Швајнштајгер во август 2015 година од Баерн се пресели во Јунајтед, а минатата сезона одигра 31 натпревар за „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неверојатно: Ниту 44 гола на 44 натпревари на Ѓекереш може нема да бидат доволни за титула на Спортинг

Виктор Ѓеќереш постигна 44 гола на 44 натпревари, но како што изгледа Спортинг ќе остане б…