Дома Топ вести Изненадување: Челзи тргнува по Мегваер

Изненадување: Челзи тргнува по Мегваер

Челзи е подготвен да испрати официјална понуда до Манчестер Јунајтед за Хари Мегваер, тврдат медиумите на Островот. 

После тешката повреда на Весли Фофана поради која ќе ја пропушти целата сезона, Челзи едноставно мора ова лето да доведе нов дефанзивец.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Англиските медиуми изненадувачки објавија дека прв избор е Хари Мегваер, кој е на излезна врата од „Олд Трафорд“.

Мегваер пристигна како огромно засилување на „црвените ѓаволи“ на „Олд Трафорд“ во 2019 година во трансфер вреден рекордни 87 милиони евра, но никогаш не ги оправда очекувањата.

Челзи веќе стапил во контакт со агентите на Мегваер, бидејќи Покетино смета дека тој е најдобро решение од дефанзивците кои се достапни на пазарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…