Италијанските медиуми пласираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Реал Мадрид постигнал договор со агентот на Лаутаро Мартинез.
Аргентинецот е најголема трансфер желба на Барселона, која подолго време работи на трансферот, па поради тоа оваа вест е големо изненадување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Спортмедиасет“ пренесува дека агентот постигнал комплетен договор со Реал Мадрид за 4-годишна соработка и плата од 8 милиони евра по сезона.
„Кралевите“ се спремни да платат 100 милиони евра за неговиот потпис, сума која Интер веќе ја прифатил.
„Нероаѕурите“ имаат потреба од финансии за да го финансираат трансферот на Нголо Канте, кој е најголема желба на тренерот Антонио Конте.
Доколку Реал го реализира трансферот на Лаутаро, тоа сигурно ќе биде голем удар за најголемиот ривал Барселона.