Дома Трансфер зона Изненадување: Рамос се враќа во Ла Лига?

Изненадување: Рамос се враќа во Ла Лига?

Серхио Рамос го напушти Пари Сен Жермен по две години поминати во овој клуб и сега е слободен во изборот на новата средина.

Шпанецот има неколку понуди, очекувано најбогатите се од Саудиска Арабија која полека станува атрактивна дестинација за многу фудбалери. Сепак, денес се појавија информации дека Рамос може да остане во европскиот фудбал и тоа во Шпанија.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Наводно Севиља е спремна да го врати своите редови. Рамос дресот на Севиља го носеше осум години од 1996 до 2004 година кога премина во Реал Мадрид.

Рамос е роден во Камас, место блиску до евиља и тоа за него би било враќање дома. Се наведува дека главната причина поради која Рамос би можел да ја избере Шпанија е неговото семејство.

Освен тоа Севиља со освојувањето на Лигата на Европа во изминатата сезона си обезбеди учество во Лигата на шампионите, па така Рамос повторно ќе има прилика да игра на највисоко ниво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…