Играчот за врска на Арсенал, Џек Вилшер готово сигурно ова лето ќе го напушти „Емирати“, откако Венгер јасно му стави до знаење дека за него нема место во тимот.
Вилшер минатата сезона ја помина на позајмица во Бурнмаут, а ова лето најсилен интерес за него покажуваше Њукасл, но сега во трката се вклучи и еден европски гигант.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус покажува силен интерес за Вилшер и веќе стапил во контакт со неговиот агент. „Старата дама“ е во потрага по квалитетен играч за врска, а поради потешкотиите да дојде до првите мети, сега ќе се насочи кон Англичанецот.
Јувентус ја разгледува опцијата да го донесе Вилшер на позајмица до крајот на сезоната, а после тоа тој ќе остане во Торино како слободен играч и ќе потпише перманентен договор.
За Вилшер интерес покажуваат уште Рома и Сампдорија, па медиумите тврдат дека големи се шансите Англичанецот следната сезона да го гледаме во Серија А.