Може ли веќе оваа зимаа да се врати онаму од каде што доје?
Како што пренесуваат англиските медиуми, тимот на Борусија Дотмунд започнал преговори со Хенрик Микхтаријан кој зад себе има навистина лоша полусезона на „Олд Трафорд“. Ерменскиот дефанзивец оваа сезона запиша 21, постигна два погодоци и запиша шест асистенции.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Микхатријан започна одлично, ја отвори сезоната како стандарден првотимец и во првите три кола запиша дури пет асистенции, но како што сезоната одминуваше, Мурињо му даваше се помалку шанса, покрај тоа и јавно го критикуваше во медиумите.
И самиот фудбалер сака да го напушти клубот, претходно интерес за него покажуваше и Интер, но Мурињо го блокираше овој трансфер. Останува да видиме како сега ќе реагира Дортмунд кој го продаде Ерменецот на Јунајтед пред нешто повеќе за една година за 42 милиони евра.
Во овој момент вредноста на Микхтаријан според „Трансфермаркт“ изнесува 35 милиони евра.