Дома Останати Кошарка НБА Изненадување на вечерта во НБА: Најлошиот тим го победи најдобриот – по втор пат! (ВИДЕО)

Изненадување на вечерта во НБА: Најлошиот тим го победи најдобриот – по втор пат! (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни седум натпревари.

Најголемото изненадување го приреди тимот на српскиот стратег Игор Кокошков, Феникс Санс. Феникс успеа да слави против Милвоки со резултат 114:105.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Само 14 победи има тимот од Аризона оваа сезона и поодамна е јасно дека за нив ќе нема место во плеј-офот, но она што е интересно е што и тоа како знаат да играат против тимот на кој сите клубови во НБА им го гледаат грбот – ги победија по втор пат! Со такво нешто не може да се пофали ниту еден друг тим оваа сезона.

Воедно ова е и втора победа во низа за Санси, неодамна славеа против Лејкерси, па изгледа покажуваат знаци на живот, но сега можат само да го поправат катастрофалниот учинок оваа сезона ништо повеќе.

Домаќините до оваа победа беа предводени од Кели Убра со 27 поени и 13 скокови, Девин Букер со 22 поени и Деандре Ејтон кој додаде 19 поени и 12 скокови.

На другата страна Јанис Адетокумбо ги предводеше гостите со 21 поен и 13 скокови.

https://www.youtube.com/watch?v=uaxB06oLEEk

Плеј-офот за Лос Анџелес Лејкерси е се подалеку откако сега доживеаа пораз и во градското дерби против Клиперси (105:113). Леброн Џејмс беше најдобар кај Лејкерси со 27 поени, шест асистенции и осум скокови, додека кај Клиперси Галинари уфрли 23 поени и додаде една асистенција и шест скока.

Далас доживеа тежок пораз на гости против Бруклин. Во оваа средба Лука Дончиќ не беше на своето препознатливо ниво и натпреварот го заврши со 16 поени, пет асистенции и два скока.

Никола Јокиќ оствари дабл-дабл (22 поени , шест асистенции и десет скока), но ниту тоа не беше доволно за Денвер да го избегне поразот од Сан Антонио (104:103).

НБА резултати:

ЛА Клиперси – ЛА Лејкерси 113:105

Бруклин – Далас 127:88

Мајами – Атланта 114:113

Сан Антонио – Денвер 104:103

Феникс – Милвоки 114:105

Јута – Њу Ореланс 112:115

Сакраменто – Њујорк 115:108

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Пеколна нокаут фаза: Шпанија, Франција, Германија и Португалија од иста страна

Веќе е при крај групната фаза на Европското првенство и полека се право костурот за нокау …