За заминување на Сергеј Милинковиќ Савиќ од редовите на Лацио се пишува уште од минатото лето.
Савиќ се поврзуваше со повеќе европски клубови, но најмногу со Манчестер Јунајтед каде што би пристигнал како замена за Пол Погба ако Французинот си замине, а за тоа да се случи има време до четврток (завршува преодниот рок во Англија).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега српскиот играч за врска на социјалните мрежи објави една порака која може да се протолкува како најава за заминување од Лацио.
„Среќен сум што го носев дресот со орел на градите четири години“, објави Савиќ.
Дали ова е најава за негово заминување ќе дознаеме наскоро.