Дома Топ вести Изненадување: Манчестер Јунајтед испрати понуда за Роналдо

Изненадување: Манчестер Јунајтед испрати понуда за Роналдо

Шпанскиот медиум „Дон Балон“ денес лансираше вистинска „бомба“ и пренесува дека Кристиано Роналдо може да се врати на „Олд Трафорд“.

Медиумот пренесува дека Манчестер Јунајтед понудил 60 милиони евра за потписот на Роналдо.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Црвените ѓаволи“ веруваат дека тоа е одлична понуда во време на криза и со оглед на фактот дека Роналдо е веќе во поодминати фудбалски години.

Од неодамна се појавија шпекулации дека Јувентус е спремен да го продаде Роналдо за да се ослободи од неговата висока плата.

Сепак, тешко е да се поверува дека ваков трансфер е можен на среде сезона кога Јувентус е во трка за сите трофеи.

Сепак, медиумот не ја исклучува можноста дека трансферот може да се реализира на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…