Дома Фудбал Италија Изненадување во Серија А: Лече го запре Јувентус! (ВИДЕО)

Изненадување во Серија А: Лече го запре Јувентус! (ВИДЕО)

Во терминот од 15:00 часот во италијанската Серија А својот натпревар го одиграа екипите на Лече и Јувентус.

Лече успеа да прирерди големо изненадување и на задоволство на Интер го запре Јувентус и остана непоразен (1:1).

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во првото полувреме Јувентус успеа да постигне гол, но истиот беше понишен поради недозволена позиција, па на пауза се замина без да видиме погодок.

После пет минути игра во вториот дел Јувентус доби пенал после реакцијата на ВАР. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Паоло Дибала. Само пет минути подоцна следуваше нова најстрога казна, овој пат на спротивната страна. Виновник за пеналот беше Де Лихт кој играше со рака во шеснаесетникот. За домаќините реализираше Манкосу.

После ова реми на Јувентус Интер кој од 18:00 часот игра против Парма ќе има прилика со победа да го превземе лидерското место на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

От Јувентус веќе преговараат со дефанзивец на Реал Мадрид

Од Јувентус започнале разговори со претставниците на дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио …