Дома Останати Кошарка НБА Изненадување во НБА: Балканското дерби за Богдановиќ

Изненадување во НБА: Балканското дерби за Богдановиќ

Изминатата вечер во НБА лигата се одигра само еден натпревар и во него видовме изненадување, Детроит славеше победа против Далас со 131:125.

Ова беше и балканска пресметка помеѓу Бојан Богдановиќ и Лука Дончиќ. Хрватот кој се радувшае на крајот натпреварот го заврши со 30 поени. Учинокот на Словенецот од дабл-дабл со 35 поени и 10 скокови не беше доволен за поволен резултат на Мавс.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во регуларниот дел на семафорот стоеше 117:117, па мечот отиде во продолжение каде што Пистонси беа подобриот тим. Одличен во тие последни моменти беше Хејс кој постигна две тројки, а натпреварот го заврши со 22 поени, две асистенции му недостасуваа за дабл-дабл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…