Италијанскиот фудбалер, Марко Верати минатото лето го напушти ПСЖ и неочекувано кариерата ја продолжи во Катар.
Верати се пресели во Ал Араби за 45 милиони евра, а за овој клуб досега одигра осум натпревари и подели четири асистенции.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јасно е дека во нозете на 31-годишниот Италијанец се уште има квалитетен фудбал и сигурно може да биде на нивото потребно за европскиот фудбал уште некоја година.
Сега се појавува изненадувачка информација дека Барселона може да го доведе Верати како решение до крајот на сезоната. Каталонците имаат проблеми, Гави ја заврши сезоната, Педри се мачи со повредите и сега се здоби со нова, иако е полесна доволна е за аларм во јануарскиот преоден рок.
Опцијата би била Верати да дојде како позајмен фудбалер до крајот на сезоната. Скоро целата своја кариера Верати ја помина во ПСЖ каде што дојде од Пескара.