Дома Трансфер зона Изненадувачки трансфер: Рома купи тинејџер од англиски четвртолигаш

Изненадувачки трансфер: Рома купи тинејџер од англиски четвртолигаш

Mладиот Мбуња Алеманџи (16) веројатно се уште не е свесен што му се случи во кариерата.

Анонимниот тинејџер кој до сега беше во таборот на англискиот четвртолигаш Кембриџ направи изненадувачки трансфер во редовите на Рома. Тој веќе беше претставен во Рома и ќе им се приклучи на врсниците до 17 години. Рома на Кембриџ плати сума од 70.000 фунти.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Ова е голем чекор за мене, тука како и во Кембриџ ќе продолжам да се докажувам. Моите блиски ми зборуваат: Свесен ли си дека си во Рома!? Јас само се обидувам да останам прибран“, изјави ова момче.

Тој се уште не може да се навикне на познтите играчи кои сега се во негова близина.

„Едно утро излегов од собата, требаше да правиме тест за Ковид-19 и налетав на Педро (неодамна дојде од Ром). Бев шокиран“, изјави момчето кое во овој период го живее својот сон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…