Дома Трансфер зона Изненадувачки пресврт во кариерата на Килијан Мбапе – Французинот се сели во Премиер лигата!?

Изненадувачки пресврт во кариерата на Килијан Мбапе – Французинот се сели во Премиер лигата!?

Килијан Мбапе минатото лето од Монако пристигна во ПСЖ на еднагодишна позајмица со задолжително купување од 180 милиони евра ова лето.

Меѓутоа, на крајот многу лесно би можело да се случи Парижаните да останат без 19-годишната ѕвезда и тоа поради кршење на финансискиот фер-плеј. УЕФА многу лесно би можела да го казни ПСЖ поради фактот дека ги кршат условите на финанискиот фер-плеј, а наводно сето тоа многу внимателно го следи Манчестер Сити.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Мбапе е желба на тренерот на Сити, Пеп Гвардиола и сигурно дека во синиот дел на Манчестер ја чекаат евентуалната казна на ПСЖ, за да можат да го доведат одличниот фудбалер, со што би можеле да го искористат тоа и да го убедат играчот да се пресели на „Етихад“.

Последниот збор ќе го има УЕФА. Сепак, тешко е да се очекува дека ќе дојде до казна, бидејќи куќата на европскиот фудбал до сега не се докажа кога стнува збор за казнување на богатите тимови. Реално е дека Мбапе ќе стане официјален член на ПСЖ за кого минатата сезона во 46 натпревари постигна 21 гол со 16 аситенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал тргнува по Жил Кунде

Англискиот гигант Арсенал е силно заинтересиран за дефанзивецот на Барселона и француски р…