Дома Фудбал Италија Издржа само еден месец – Коларов поднесе оставка!

Издржа само еден месец – Коларов поднесе оставка!

Прославениот српски фудбалер, Александар Коларов повеќе не е спортски директор на Пиза.

Информацијата ја објави Џанлука Ди Марцио, истакнувајќи дека Коларов заминува поради лични причини. Ретко кој се надеваше на вакво нешто кога Коларов пред нешто повеќе од еден месец потпиша двегодишен договор.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Се шпекулира дека именувањето на Алберто Аквилани на местото тренер на екипата била клучната пречка. На тоа се додава дека Коларов сакал на таа позиција да го види Андреа Пирло. Српската фудбалска легенда оставката ја поднесе еден ден пред прес-конференцијата на која ќе биде Аквилани претставен.

Прес-конференцијата на која Аквилани ќе биде промовиран во нов стратег ќе се одржи денес и се очекува да се објават и детали за заминувањето на Коларов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Меси зборуваше за Мундијалот: Откри кога ќе знае дали ќе игра – ако ги погледнеме бројките нема дилеми!

Аргентинската фудбалска ѕвезда, 38-годишниот Лионел Меси, изјави дека се надева дека ќе иг…