Дома Фудбал Изгледот на поранешната ѕвезда на Барселона го шокираше фудбалскиот свет, на 36 години изгледа како старец

Изгледот на поранешната ѕвезда на Барселона го шокираше фудбалскиот свет, на 36 години изгледа како старец

Легендарниот турски фудбалер Арда Туран пред една година ги изненади сите со тоа што реши да стави крај на кариерата и да се посвети на тренерската работа.

Неодамна ја најде својата прва работа како тренер, а сега повторно е во центарот на вниманието бидејќи сите се шокирани од изгледот на овој 36-годишник.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Арда Туран порасна во Галатасарај, од кој во летото 2011 година се пресели во Атлетико Мадрид, каде имаше четири навистина фантастични сезони.

Тој го напушти Атлетико за 35 милиони евра во Барселона, каде што помина три сезони и не беше баш стандарден, но освои речиси се што можеше.

Тој се врати во Турција на почетокот на 2018 година кога потпиша за Башакшехир, но минатото лето ги изненади сите кога реши да ја заврши кариерата во дресот на Галатасарај од каде започна се, иако многумина веруваа дека ќе игра уште една сезона.

По заминувањето од Барселона повеќе не се фокусираше премногу на својата играчка кариера, имаше проблем со вишокот килограми, а на крајот очигледно не сакаше повеќе да се мачи и се сврте кон нови предизвици.

Арда моментално е тренер на второлигашот Ејупспор каде доби шанса да се докаже. Повторно е во центарот на вниманието, но не поради фудбалот, туку поради неговиот изглед кој ги шокираше сите.

На социјалните мрежи се појави фотографија од еден од тренинзите на Ејупспор, а на многумина не им се веруваше колку Арда „остарел“ за само една година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Го постигна еден од најлудите голови во Серија А, а сега објави пензија 🎥

Французинот Жереми Менез објави дека заминува во пензија на 37-годишна возраст. Сезонава М…