Дома Фудбал Изгледа се е готово: Нејмар во текот на ноќта направи голем чекор кон новиот клуб

Изгледа се е готово: Нејмар во текот на ноќта направи голем чекор кон новиот клуб

Бразилската ѕвезда Нејмар (31) наскоро го напушта ПСЖ и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Ал Хилал од Саудиска Арабија. Преговорите се во завршна фаза и се ќе биде готово многу брзо.

Нејмар е уште една во низата ѕвезди кои заминуваат од ПСЖ. Клубот објави дека не смета на услугите на бразилската ѕвезда, па тој имал опција да преговара со други клубови.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во претходните денови тој беше поврзуван со Барселона, но ништо нема да има од неговото враќање во редовите на каталонскиот гигант. 31-годишниот офанзивец кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија во тимот на Ал Хилал.

Овој клуб му понуди на Нејмар огромна сума на пари. Бројките се уште не се откриени, но се доволни да го привлечат вниманието на бразилската ѕвезда, па комплетната работа е веќе во завршна фаза.

Документите се веќе разменети. Се очекува брз одговор од играчите, но сигурно е дека Нејмар кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.

Ал Хилал ова лето донесе неколку врвни засилувања во својот тим. Тука се Калиду Кулибали, Рубен Невес, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Малком, но Нејмар дефинитивно би бил најголемото име.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Влаховиќ донесе важна одлука за кариерата и порача да не го вознемируваат!

Душан Влаховиќ во изминатите месеци постојано беше поврзуван со заминување од Јувентус. Ме…