Интер направи голем чекор напред во намерата да го доведе Артуро Видал!
Римскиот спортски весник „Кориере дело Спорт“ пренесува дека од Минхен до Милано пристигнала потврда дека Интер може да испрати официјална понуда за Видал и така да стигне до потписот кој долго се чека во Милано.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во најкраток можен рок се очекува „нероаѕурите“ да ја испратат понудата од 25 милиони евра што би требало да ги задоволи апетите на Баерн. Да потсетиме, Баерн постави цена од 30 милиони евра за Видал, Интер прво нудеше 20, а изгледа дека на крајот ќе се најдат на средина!
Да потсетиме, спортскиот директор на Интер Пјер Аусилио неодамна беше виден на аеродром во Минхен каде што имал состанок со Баерн пред да отпатува за Кина каде што се сретнал со првите луѓе на клубот. На состанокот со управата на Интер, тој добил „зелено светло“ да тргне по потписот на Видал.
Како и да е расплетот се очекува во наредните неколку дена, но се поверојатно е дека Видал ќе се врати во Серија А и тоа во најголемиот ривал на Јувентус за кого некогаш настапуваше.