Жозе Мурињо утров ги разочара навивачите на Манчестер Јунајтед со изјавата дека според неговите извори, Јунајтед нема да се засили во последниот ден од преодниот рок. Но, можеби Португалецот не ја заборуваше вистинсата…
Имено, како што пренесува реномираниот „Скај Спорт“ Манчестер Јунајтед во последните часови од преодниот рок, денес до 18:00 часот ќе се обиде да го доведе – Диего Годин од Атлетико Мадрид!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прва мета беше Жером Боатенг, кој веќе неколку денови се повразуваше со „ѓаволите“, но на крајот според голем број медиуми, стоперот на Баерн се договорил со Пари Сен Жермен.
Сепак, сето тоа ќе биде заборавено ако изјавата која ја даде Мурињо утрово се покаже само како тактизирање и успее во последните 5-6 часа да ги израдува навивачите со одличниот ургувајски стопер.
BREAKING: Sky sources: @ManUtd approach@atletienglish over possible signing of @diegogodin. #SSN pic.twitter.com/Sz7egaVLje
— Sky Sports News (@SkySportsNews) August 9, 2018