„Би-Би-Си“ го објави тимот на деценијата во Премиерлигата според изборот на своите читатели.
„Би-Би-Си“ одлучи да направи анкета за најдобриот тим во изминатите десет години. Експертите ја користеа статистиката, успех и должина на кариера на фудбалерите, како и мислењето на новинарите за да направат листа со најдобри фудбалери.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Омилената формација е 4-3-3 на дури 72% од читателите, а токму поради таа формација некои фудбалери како Давид Силва немаа свое место во тимот.
На голманската позиција е избран Давид де Геа пред Петр Чех, а во одбраната се наоѓаат Александер Арнолд со 19% гласови, по што следат Винсент Компани (64%), Вирџил Ван Дајк (50%) и Патрис Евра (23%).
Во средниот ред се Нголо Канте (37%), Стивен Џерард (42%), Кевин де Брајн (52%), а најмногу гласови имаше Серхио Агуеро (69%) во нападот, додека друштво му прават Хари Кејн (28%) и Еден Азар (54%).