Финалето на овогодинешното издание на Копа Либертадорес нема да се игра во Сантијаго како што првобитно беше планирано.
Поради нестабилната ситуација во Чиле, КОНМЕБОЛ одлучи да го промени домаќинот и финалето ќе се игра во престолнината на Перу, Лима.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сите оние кои купиле влезници за натпреварот во Сантијаго парите ќе си ги добијат назад, додека во следните 72 часа ќе започне продажба на влезниците од страна на новиот домаќин. Капацитетот на стадионот на кој ќе се игра финалето изнесува 80.000.
Во финалето како што е познато силите ќе ги одмерат бранителот на титулата Ривер Плата и бразилски Фламенго. Натпреварот е закажан за на 23-ти ноември.
Од оваа година за разлика од минатите во финалето е одлучено да се игра еден натпревар.
?️La Final Única de la #Libertadores será en el Estadio Monumental de @Lima2019 el 23 de noviembre a las 15:00 horas pic.twitter.com/t0HayjFm88
— CONMEBOL Libertadores (@Libertadores) November 6, 2019