Дома Фудбал Останато Избран идеалниот тим во Лигата на Европа

Избран идеалниот тим во Лигата на Европа

Второто по ранг европско натпреварување, Лигата на Европа по завршувањето на финалето ги избра и најдобрите за оваа сезона.

На голот место доби голманот на Рома, Миле Свилар кој беше најзаслужен што римскиот клуб стигна до полуфиналето каде што беа поразени од Баер Леверкузен.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Триото во одбраната во формација 3-5-2 го сочинуваат: Џимшити од Аталанта, Тах од Леверкузен и Манчини од Рома.

Во средниот ред место имаше за: Ругери и Компајнерс од Аталанта и Џака и Фримпонг од Леверкузен.

Херојот на Аталанта од финалето кој постигна три гола Лукман очекувано е во нападот, а друштво му прават Обамејанг од Марсеј и Вирц од Леверкузен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тухел во репрезентацијата на Англија повика фудбалер кој има десет настапи во Премиер лигата

Дваесетгодишниот фудбалер на Манчестер Сити, Нико О’Рајли, го доби својот прв повик …