Дома Фудбал Италија Избрани најдобрите во Серија А – Роналдо е МВП!

Избрани најдобрите во Серија А – Роналдо е МВП!

Кристиано Роналдо одигра одлично во својата дебитантска сезона во италијанскиот шампионат, па денес беше избран за најкорисен фудбалер на сезоната во Серија „А“.

Португалецот ја освои титулата со Јувентус, откако помогна со 21 гол и 9 асистенции во 30 натпревари. Тој ќе ја добие својата награда пред почетокот на денешниот натпревар против Аталанта.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Истата награда пред неколку години Роналдо ја освои и во Манчестер Јунајтед и во Реал Мадрид.

Покрај Роналдо, денес беа избрани и другите најдобри фудбалери оваа сезона. Калиду Кулибали беше прогласен за најдобар дефанзивец. Фудбалерот на Наполи блескаше и оваа сезона и му помогна на тимот 13 пати да ја зачува „сува“ својата мрежа.

Сите награди:

Најкорисен играч на сезоната: Кристиано Роналдо (Јувентус)

Голман на сезоната: Самир Хандановиќ (Интер)

Дефанзивец на сезоната: Калиду Кулибали (Наполи)

Најдобар играч за врска: Сергеј Милинковиќ-Савиќ (Лацио)

Најдобар напаѓач: Фабио Кваљарела (Сампдорија)

Најдобар млад фудбалер: Николо Заниоло (Рома).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…