Вчера била избегната трагедија од огромни размери.
Наводно авионот со фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина бил на секунди до катастрофа. Медиумите пишуваат дека на чартер летот од Сараево до Ереван се одвивала вистинска драма.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Авионот влегол во турбулентен простор и пилотот бил принуден да направи големо свртување и таквиот негов потег предизвикал паника помеѓу патниците.
„Во тој момент фудбалерите и навивачите кои стоеа веднаш почнаа да скокаат на своите места“, пишува новинарот на „Дневни Аваз“.
Дека навистина работата била сериозна откако слетале во Ереван потврдил и човек кој бил поранешен пилот и бил качен на овој лет.
„Имам 600 часа летање и одговорно тврдам дека една секунда, еден степен недостасуваше за авионот да се урне. Такви нагли движења не се дозволени, никој не смее да си игра со човечките животи“, изјавил поранешниот пилот.