Зимскиот преоден рок полека се наближува, па веќе се засилуваат трансфер шпекулациите.
Медиумите најавуваат возбудлив преоден рок во кој сигурно ќе видеме некоку „ѕвездени“ трансфери, особено на фудбалери кои им завршува договорот на крајот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Порталот „Трансфермаркет“ направи идеален тим на фудбалери кои на крајот на сезоната ќе бидат слободни агенти, а нивната моментална вредност на пазарот изнесува 438 милиони евра.
Во тимот има дури четворица фудбалери на Манчестер Јунајтед, Де Геа, Марсијал, Мата и Ерера, меѓутоа треба да се напомене дека клубот има опција автоматски да ги продолжи договорите на Де Геа и Марсијал за додатни 12 месеци.
Сите останати ќе имаат право уште во јануари да преговараат со заинтересираните страни и да потпишат преддоговор.
Еве како изгледа идеалниот тим на фудбалери кои наскоро ќе бидат слободни агенти.