Дома Фудбал Италија Игуаин: Јувентус е како Реал, те учи да победуваш!

Игуаин: Јувентус е како Реал, те учи да победуваш!

Напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин вели дека тој клуб е исто како Реал Мадрид и дека те „учи како да победуваш“.

Игуаин играше за „кралскиот“ клуб пред да се пресели во Наполи, а минатото лето за 90 милиони евра го облече дресот на италијанскиот шампион.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


„Јувентус е како Реал Мадрид, тој едноставно те тера да научиш како се победува. Меѓутоа, навивачите не се толку каприциозни како во Мадрид. Во културата на навивачите на Јуве не е да им свират на своите фудбалери. Фактот дека тој клуб ме плати 90 милиони евра ме прави горд“, истакна Игуаин.

Во осминафиналето од Лигата на шампиони ривал на „бјанконерите“ ќе им биде Порто, каде што игра некогашниот соиграч на Аргентинецот, Икер Касиљас.

„Ако бидам во прилика да му шутирам пенал, ќе му дадам гол. Убаво е да му дадете гол на еден од најдобрите голмани на светот. Реал Мадрид – Наполи? И двата клува ми се драги, имам пријатели на двете страни, па нека победи подобриот“, заклучи „Пипита“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал го сака дефанзивецот на Челзи

Реал Мадрид е силно заинтересиран во своите редови да го доведе дефанзивецот на Челзи, Рис…