Дома Фудбал Останато Игуаин по финалето во 2014 сакал да го остави фудбалот: Боли кога ќе ти кажат дека веќе не си добар

Игуаин по финалето во 2014 сакал да го остави фудбалот: Боли кога ќе ти кажат дека веќе не си добар

И во животот на професионалните фудбалери не е секогаш се идеално.

Фудбалерот на Јувентус Гонзало Игуаин изјави дека бил спремен да ја заврши кариерата после финалето на Светското првенство во 2014 во кое пропушти огромна шанса да го реши натпреварот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Игуаин во текот на кариерата играше за бројни големи клубови, во најдобрите светски лиги, но поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и Наполи често пати е мета на критики од навивачите.

„Не е лесно кога ќе ти кажат дека веќе не си добар, дека си промашување и дека не знаеш да играш фудбал. Тоа боли. Да, точно е дека не ја остваривме целта, но да се биде промашување? Пласманот во три финалиња не е неуспех…Секој кој како мал сонувал да игра фудбал, а не го направил тоа, дали пропаднал? Тоа е голем збор, но можеби оној кој го употребува себе си не се изневерил“.

Игуаин објасни што се случувало во тоа финале.

„Шансатасе појави неочекувано, морав да ја искористам, но за жал не успеав. Го направив првото кое ми падна на памет, не знам дали сега би се решил за истото. Топката дојде до мене кога бев свртен со грб кон голот. Додаде дефанзивецот на 20-тина метри од голот и само што се завртев, голот беше пред мене, изгледаше полесно отколку што беше“.

„Размислував да престанам да играм, но мајка ми ме убеди да продолжам. Ако одлучував сам веројатно ќе го оставев фудбалот. Тоа е нешто кое го сакам, но мојата мајка ја сакам повеќе“, изјави Игуаин.

Во финалето на Мундијалот во Бразил Аргентина изгуби од Германија со 1:0 после продолженија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…