Изгледа дека му е јасно плановите на Јувентус.
Се поголеми се шансите Гонзало Игуаин после две години да го напушти Јувентус.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, откако еден од директорите на Јувентус, Џон Елкан потврди дека ништо нема да се знае се до завршувањето на Мундијалот, се појавија информации дека „Пипита“ сака да замине.
Како причина се наведува дека ова за Игуаин е последна шанса да добие поголем договор.
Каде би можел да оди Игуаин доколку заминува?
Се споменуваше Челзи, но откако пропаднаа преговорите на Сари со англискиот клуб изгледа „сините“ не се опција.
Интерес покажуваше и Пари Сен Жермен, се споменуваше и Милан, но „росонерите“ се во тква ситуација да немаат што да бараат, немаат ниту довлно пари. Опцијата за размена со Интер за Мауро Икарди и понатаму е отворено, иако тоа е малку веројатно.
За две години во Јувентус, Игуаин освои две двојни круни во Италија, постигна 55 голови, помалку отколку во Наполи, но го промени и стилот на игра и на крајот даде голем допринос во успесите на клубот.